Во текот на вчерашниот ден во 11:30 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Корешница, демиркаписко, Е.Е.(62) од с.Корешница, управувајќи трактор без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел.
Како што соопштуваат од МВР, Е.Е. починал на местото на настанот.
Извршен е увид од јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.