62 годишниот работник, Благоја Д., починал додека работел на ископ на канал на ул.„Горно Лисиче“.
Според МВР, несреќата се случила околу 17.30 часот во куќата на И.Љ.(28) каде тој заедно со соседите Б.К.(62), А.К.(42) и Благоја Д. ископувале канал и поставувала цевки за одводна канализација.
Дел од земјата се одронила и го затрупала Благоја Д.
Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Увид на лице место извршиле истражен судија, јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје.
Ова е втора ваква несреќа во Лисиче, каде сопствениците на куќите сами копаат канали за да се приклучат на одводната канализациска мрежа.