Параглајдерист од Унгарија денеска почина откако падна во водите на Охридското езеро, во близина на плажата кај Љубаништа.
СВР Охрид ја потврди информацијата дека параглајдерист од Унгарија, на возраст од триесетина години, денеска околу 13 часот паднал во близина на автокампот Љубаништа и како последица на тоа починал.
Екипи на крим-техника на МВР и Јавното обвинителство во Охрид се на терен и вршат увид на местото на несреќата.
Вообичаена рута за летање на параглајдеристите е од врвот на Галичица до Љубаништа.