Вчера околу 04,40 часот на регионалниот пат од правец на Планина Плачковица кон Радовиш, моторцилкл „Хонда“ со штипски регистерски ознаки, а управувано од Иван Ф.(24) од Радовиш во еден момент изгубил контрола излетал од патот и удрил во дрво покрај коловозот.
Од здобиените повреди истиот починал на лице место.
Увид на местото на настанот извршиле Ј.О. и увидна екипа од БПС Радовиш.
Се работи на целосно расчистување на случајот.