Седмнаесетгодишно момче вчера загина во сообраќајна несреќа што се случила во 17:05 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај местото „Рибник“ во атарот на село Крушје.
Сообраќајката била помеѓу патничко возило „југо корал“ со битолски регистерски ознаки управувано од Д.С. (20) од битолското село Подино и патничко возило „фолксваген пасат“ со ресенски регистерски ознаки управувано од Љ.Д. (47) од Ресен.
Како што соопшти МВР, во незгодата на самото место починал 17-годишен сопатник од патничкото возило „југо корал“, додека возачот Д.С. се здобил со тешка телесна повреда и по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Ресен бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Охрид. Возачот на патничко возило „пасат“ Љ.Д. добил телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле Јавно обвинителство и увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.