Загина градежен работник во гостиварско

Од:

56-годишен градежен работник од селото Градец го загубил животот работејќи на реконструкција на куќа во селото Добри Дол гостиварско. Случајот во полиција го пријавиле од Итната медицинска помош.

„На 21.05.2021 20,15 часот во Полициска станица Гостивар од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Добри Дол,гостиварско во куќата сопственост на Ќ.С.(56), која била во фаза на реконструикција, констатирале смрт кај Р.А.(56) од с.Градец, гостиварско, на кој според пријавеното, при извршување градежни работи паднал дел од плочата на куќата.“ – информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште

Горан Наумовски

Се преврте трактор, загина 73-годишен велешанец

Градежен работник од Турција се повредил на градилиште во Скопје

Загина 48-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум