Загадувачот „Пејпер мил“ од Кочани се затвора, не било исплатливо да работат на метан

Од:

По последната опомена на Државниот инспекторат за животна средина, кога наложи фабриката „Пејпер мил“ од Кочани  да користи метан за енергенс, сопственикот донел одлука да ја затвори. Ова решение на бугарскиот стопанственик е со образложение дека не му е исплатливо да го користи овој енергенс.

Оваа фабрика за хартија беше неколку пати опомената од ДИЖС дека загадува работејќи на согорување пелети. Жителите на Кочани веќе две години алармираа за загаденоста што ја чувствуваат од црниот чад што излегува од фабриката.

Производствениот процес сега е целосно запрен, а неизвесно останува што ќе се случи со 120 вработени во фабриката. Одговорниот од македонска страна за работата на „Пејпер мил“ вели дека мерењето на нивните лаборатории, кои потврдиле дека работата на пелети не загадува, е релевантно и дека не им се исплатува да работат на метан, како што им наложил Инспекторатот.

„Две лаборатории мереа загадување на оџакот во ‘Пејпар мил’ во присуство на инспектор. Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина на 30.12.2020 година извршија надзор во кочански ‘Пејпар мил’ и при мерењето на емисии од оџакот, како што се очекуваше, чадот што се испушташе беше прозирен и со помал интензитет. Тоа се должеше на специјален режим на комбинирано согорување на метан и пелети во однос 60% метан и 40% пелети при производството на хартија. Две лаборатории од 9:30 до 16:00 часот вршеа мерење на прашина и отпадни гасови, во присуство на инспектор. Откако заврши мерењето, во вечерните часови, инспекторот се врати повторно на локацијата. Чадот беше со истиот слаб интензитет, проѕирен, односно непроменет во однос на периодот кога се вршеа мерењата. Од резултатите на мерењата, кои се очекуваат во текот на наредната недела, ќе зависи дали ќе се нареди горење исклучиво на метан или ќе се применат други мерки. Доколку со овој режим на работа не се надминат граничните вредности за емисии, истиот ќе мора да се одржува до вградување на филтерот. Мерењата ќе продолжат и во наредниот период за да се обезбеди почитување на законските одредби и наредбите на Инспекторатот“, објави ДИЖС минатата недела.

Би можело да ве интересира

Скопје меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Катерина Ѓуровски

Скопје со најотровен воздух во Европа, десетти најзагаден град во светот

Катерина Ѓуровски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

СЗО: Околу 99 отсто од светската популација дише воздух со лош квалитет

А1он

Воздух од кој печат очите, Скопје вечерва втор најзагаден град во светот

А1он