Загадена водата за пиење во Струга

Од:

Водата од градскиот водовод во Струга е загадена, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“, од каде повикуваат таа да не се употребува за пиење.

Според соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион.

– Поради обилните врнежи од дожд, приливот кон изворите е зголемен, и како резултат на тоа, водата е загадена и да не се употреби за пиење денеска и утре, соопштија од претпријатието.

После секој дожд од чешмите на стружани тече заматена вода. Проблемот се провлекува години наназад, за што надлежните се уште немаат решение. Но, заматената вода, не е единствен проблем. Во градот што се протега на две води, жителите често немаат вода за пиење во своите домови, а револтот пред неполн месец го изразија преку мирен протест пред просториите на ЈП „Водовод и канализација“.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга