Заев – Зибери: Соработката е отворена и позитивно се рефлектира во унапредувањето на правата и животот на граѓаните

Од:

Вашата независност, ефикасност и транспарентност се рефлектира во унапредувањето на параметрите на живот на граѓаните и вие сте коректив на институциите и органите на државната управа во насока на обезбедување поефикасен сервис на граѓаните и заштитата на нивните права, му порача премиерот Зоран Заев на народниот правобранител Насер Зибери на денешната средба во Владата.

Премиерот изрази задоволство и отвореност за продолжување на соработка со институцијата, а двајцата соговорници заедно се согласија за важноста на позицијата на институцијата Народен правобранител во поглед на зајакнување на критериумите со цел заштита на уставните и законските права на граѓаните.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев со народниот правобранител Зибери разговараше за актуелните случувања во земјата во поглед на продолжувањето по европските патеки на земјата на меѓународен план и преземените мерки кои веќе даваат резултати во поглед на заживување на економијата од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Народниот правобранител Насер Зибери, кој беше придружуван од своите соработници му го предаде во дигитална форма и го запозна премиерот Заев со главните карактеристики на Годишниот извештај за 2020 година, кој ќе биде разгледуван од Собранието, по што се очекува да се донесат мерки, кои ќе бидат упатени до Владата, а кои ќе се однесуваат за подобрување на состојбите во насока на поголема ефикасност на функцијата на Народниот правобранител.

Според Народниот правобранител, во текот на 2020 година, пандемијата на КОВИД-19 имала влијание и на работата на институцијата што ја предводи, во поглед на бројот на примените претставки и во однос на останатите активности во насока на обезбедувањето, почитувањето и унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права.

Соговорниците се согласија дека продолжува соработката за унапредување и актуелизирање на правата на граѓаните со поддршка за поттикнување на поголема респонзивност на државните институции со институцијата Народен правобранител чија надлежноста е заштита на уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321