Заев: Здраво е и за државата ДУИ да отиде во опозиција по 17 години власт

Од:

СДСМ нема да прифати ултиматум за премиер Албанец од ДУИ дури и ако тие се клучни за формирање на нова влада по изборите, рече Заев, посочувајќи дека ултиматуми не треба да прифатат ниту Мицкоски и Ахмети. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат опозиција по изборите. Тој им порача на двете партии да соберат гласови од другите етнички заедници во Македонија, како што тоа го прави СДСМ, а луѓето да ги делат на добри и лоши, квалитетни и неквалитетни.

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат заедно во опозиција. Тие си помагаат како ДУИ со ваквиот наратив да поминат во опозиција. Навистина по 17 години власт, здраво е и за државата ДУИ да отиде во опозиција. Тоа е здраво и за нив, во опозиција партиите се подобруваат, реформираат. Тоа е наш став, како СДСМ, а граѓаните определуваат на изборите. ДУИ нека се помачат малку да добијат македонски, босански, бошњачки, турски гласови во државата. Или ВМРО-ДПМНЕ, исто е тоа. Идниот премиер ќе биде од СДСМ“, рече Заев.

Барањето и кампањата на ДУИ за премиер Албанец, лидерот Заев ја нарече национал-популистички концепт, поради кој тие ќе изгубат гласови.

„Преговори во партиите постоеле и постојат. Првпат изнедривме мултиетничка коалиција со сите етникуми внатре, а тоа е сериозна гаранција за граѓанскиот концепт и нашата идна победа која ја очекуваме како пренесена одговорност од граѓаните. Јас себеси и мојот СДСМ го сметам за основоположник на концептот едно општество за сите. Ние покажавме дека сме растеретени од етничката припадност на граѓаните. Имате добри и лоши луѓе, квалитетни и способни граѓани и неквалитетни и неспособни граѓани кои не можете да ги номинирате за било која функција. Ние имаме потпретседатели на СДСМ, имаме министри, пратеници во Собранието, директори на јавни институции од СДСМ, од сите етнички заедници. Ова што денес се пласира од ДУИ е само национал-популистички концепт и ништо друго. Верувам дека и ДУИ ќе изгуби поради тоа. Граѓаните треба да ги гледаме како кандидати во политиката, а после тоа како кадарни, квалитетни, посветени, луѓе со квалитет.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата