Заев за РТС: Разобличени се!

Од:

После она што го соопштивте вчера власта не се огласува. Што кажуваат? Дали вас ве контактираа?

Никој не ме контактирал. Тоа е многу чудно затоа што во најмала рака министерот за внатрешни работи мораше да излезе ама никој не се огласува. Сега се е јасно. Она што е како тврдење во јавноста, дебата, кој тоа ги слушал нашите граѓани, повеќе од 20 илјади граѓани на оваа земја, веќе на сите им е јасно, од повеќе причини.

Тврдењето за коешто сум јас осомничен и уште неколкумина кои се во притвор, дека тоа се странски служби кои се присутни во Македонија веќе се разобличени со вчерашната прес конференција којашто ја одржавме.

zaev1

Затоа што преку 20.000 граѓани не може да прислушува странска служба, поединец или која било група, освен државната служба.

Исто така тие мора да бидат конектирани со телекомуникациските системи, а тоа се Оne, VIP, T-Mobile, мора да има конекција околу тоа. Можно е некој да улови еден или два разговора, ако користат некоја современа технологија, но повеќе од 20.000 граѓани?! Тоа им го прави државата на нашите граѓани, јасно е, рече Заев за РТС.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време