А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Виктор Јованов
Македонија

(ВИДЕО) Заев: За договорот со Бугарија ќе одлучи Парламентот, се надеваме на потпис во август

by Виктор Јованов18/07/2017 - 15:5118/07/2017 - 16:33295
Share0

Балканот, Европа и светот споделуваат заедничка историја, да не гледаме назад кон минатото, да ги затвориме отворените прашања и да продолжиме заедно да се радуваме кон заедничката иднина, изјави премиерот Зоран Заев по затворената седница на Комисијата за надворешна политика, каде што пред опозицијата и партиите од албанскиот блок неколку часа го образложуваше нацрт- договорот со Бугарија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Договорот за добрососедски односи со Бугарија успешно ја заврши конститутивната фаза на денешната Комисија за надворешни работи. Тука ги слушнавме сите грижи околу него, но и позитивни ефекти. Нашата желба е да го потпишеме овој договор, ниту еден поедниец не одлучува, туку парламентот, рече Заев кој изрази надеж дека договорот би можел да биде потпишан на 1 август и тоа во Црна Гора, каде Македонија ќе биде ко-домаѓин на самитот на кој што главен гостин ќе биде потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Дотогаш премиерот на Република Македонија очекува да бидат надминати сите дилеми и прашања кои што ги загрижуваат политичките чинители во земјава. Тој вели дека додека не се стави потпис на договорот, сите опции се отворени.

Следете a1on на Youtube YouTube

Заев изјави дека двете држави ќе работат заедно за националните интереси и за европската интеграција.

-Можам да потенцирам, нема дилеми дека се работи за две држави и за два народи. На овој начин отвараме перспектива на градење на добри односи со соседите и стануваме пример за соработка во регионот. Ретки се овие случаи на договор помеѓу две држави кои се договараат сами, а притоа да не одлучуваат политички „тешкаши“, рече Заев.

Според него овој договор ќе отвори нова ера на соработка меѓу Македонија и Бугарија во однос на патната инфраструктура, како и во размена на стоки и услуги.

-Трговската размена со Бугарија сега изнесува 500 до 600 милиони евра – зошто да не биде една милијарда?, рече Заев.

Премиерот додаде дека е договорено и да се работи на изградба на Коридор 8, но и да има нови гранични олеснувања, да се отвори нов премин кај Берово, како и заеднички да се работи на надминување на недобронамерната пропаганда. Двете земји ќе се борат против национализмот и говорот на омраза.

-Ова ќе биде успех на сите претходни влади, затоа што процесот е започнат уште во 2009 година. Оттогаш се одржани 10 заеднички комисии меѓу двете држави и сметаме дека е време да ги затвориме сите прашања од минатото. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски партии да дададат поддршка на нови односи кои ќе водат кон политика на пријателство и отварање на нови перспективи. Со потпишувањето на овој договор стануваме држава која решава проблеми, место држава која создаваше проблеми. Бугарија е земја која не поддржува без условување за името и така имаме сериозен партнер во евроинтеграцијата, потенцираше Заев.

На новинарското прашање за заедничката историја на двете земји и дали во разговорите за ова прашање се вклучени и МАНУ и БАН, Заев одговори дека нивните односи придонесле за порелаксирана клима и нивните пријателства ќе придонесат повеќе за заокружување на овој процес.

Виктор Јованов

bugarijaZaev

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:3618/08/2026 - 13:59

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Горан Наумовски08/08/2026 - 19:50

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Горан Наумовски08/08/2026 - 14:57

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 08:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео