А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев за „Данас“: Макрон знае дека за Балканот ЕУ нема алтернатива

by А1он26/10/2019 - 11:2726/10/2019 - 15:35226
Share0

Покрај за „Политика“, премиерот Заев даде интервју и за саботното издание за дневниот весник „Данас“ со наслов „Макрон знае дека за Балканот ЕУ нема алтернатва“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во интервјуто, Заев оценува дека Северна Македонија има многу постигнато и дека нема да дозволи да се вратиме на старо.

– Дел од највисокото раководство на нашите политички противници, за жал, до денес се нема оградено од стариот режим. Напротив, го бранат тој режим, криминалот и корупцијата кои државата ја доведоа до дно, додека животот постоеше само за една фамилија, оценува Заев во интрервјуто објавено на насловната страница на белградскиот весник „Данас“.

Заев вели дека не ја изгубил надежта во ЕУ по повторното одложување да се одреди датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и оцени дека „сите имаат корист“ од политиката за проширување и дека „со затворање на вратата сите губат“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Верувам дека ЕУ денес повеќе од кога и да е, е свесна дека затворањето на вратата не би му направило добро на никој. Од продолжувањето на политиката за проширување, сите имаат корист. Од евентуалното затворање на вратата сите губат, нагласува Заев.

Тој се надева дека ќе има шанса лично да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон и верува оти Макрон знае дека за земјите од Западен Балкан ЕУ нема алтернатива.

– Ниту едно партнерство не може да биде замена за европските интеграции. Мислам дека тоа не е одржлив однос и не би ги донел посакуваните резултати за никого, вклучително и на Европа, рече Заев.

Тој не очекува застој на патот кон членството на Северна Македонија во НАТО.

– Остануваат уште три држави да го ратификуваат Протоколот. Се работи за одлуки на државните парламенти и технички процедури, посочува Заев.

Во интревјуто за „Данас“ вели и дека очекува опцијата што тој ја предводи да победи на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија во април наредната година.

eu

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео