Заев во Собранието за изборот на новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани: Создаваме услови да ги задржиме здравствените работници во земјава

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, го образложи предлогот, доктор Арменд Арслани да биде избран за заменик министер за здравство во Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев посочи на искуствата на доктор Арслани, вработен во Специјализираната болница по нефрологија во Струга и член на Управниот одбор во болницата, во медицината и во менаџирањето.

„Арменд Арслани е доктор по општа медицина, дипломирал општа медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, а во тек е неговото професионално и научно усовршување како специјализант по урологија и уролошка хирургија на истата научно-образовна институција. Од 2018 година е член на Управниот одбор на Специјализираната болница по нефрологија во Струга со што се стекнува и го применува своето искуство и во менаџирањето на стручните и економските ресурси на болницата. Во текот на својата професионална кариера редовно посетува специјалистички семинари и учествува на студиски престои во земјата и во странство, бил стажант на Програмата за стажирање на Факултетот за медицина на универзитетот во Истанбул, на одделението за урологија и учествувал во стручни обуки за примена на најнови методи за дијагнози и интервенции, како член на Асоцијацијата на албанските лекари и на повеќе конгреси и семинари презентирал студии на случај од неговата професионална пракса, работел на преводот на „Водичот на Европската асоцијација на Уролози“, рече во образложението премиерот Заев, во предлогот Арменд Арслани, доктор по општа медицина и специјализант по урологија и уролошка хирургија да биде избран за заменик министер за здравство во Владата на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата, Заев, на забелешки од опозицијата за состојби во ресорот здравство посочи на најновото покачување на платите на специјалистите и на активностите за осовременувања во здравството, како што е реализацијата на изградбата на новиот Клинички центар.

„Две години и пет месеци сум јас претседател на Владата, немав можност да бидам четири години колку што е мандатот на претседател на Влада, од некои просечни примања од 42 до 45 илјади денари, вкупни приходи со дежурства, успеавме да достигнеме специјалистите во Клиничкиот центар да имаат 100 денари со ова ново покачување заедно со дежурствата, тоа е големо покачување од 42 илјади на 100 илјади денари“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев посочи дека државата обезбедува поголеми плати и на матичните лекари и на медицинските сестри.

„Треба да го задржиме целиот медицински персонал, од лекари, специјалисти, медицински сестри, болничари, во државата, да ги мотивираме колку што можеме повеќе“, рече премиерот Заев, најавувајќи дека на ова работи оваа Влада.

Премиерот Заев информираше дека очекува реализација на капиталниот проект за новиот Клинички центар, согласно објавената динамика.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали