Заев во Пехчево: Трошоците нема да ги јадат пензиите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се обрати пред многубројните граѓани на Пехчево и пред нив се обврза дека ќе ја врати среќата и животот во Македонија!
Тој им се обрати на пензионерите и рече дека ги чекаат мирни денови, парите од пензиите ќе им останат. Платите ќе се зголемуваат, ќе има повеќе пари во семејствата, повеќе нема да одвојуваат од пензиите за сметки, храна и други потреби во домаќинствата.

„Секаде низ Македонија пензионерите бараат од мене работа да има за младите. Најголема болка им е што внуците и децата им се без работа и примања. Ви ветувам ќе ги вработиме младите да не ви ја трошат пензијата, ќе има просечна плата до 30.000 денари до крајот на мандатот. Одиме со чесен концепт, ќе создадеме Совет за јавна потрошувачка, во кој доминантно ќе одлучуваат пензионери. На секои 6 месеци ќе има пресек на малопродажните цени. Ако се покачиле за 20%, пензиите ќе се покачат за 20%. Ако се покачиле за 5%, за 5% ќе има покачување. Цените се зголемуваа за 20%, 30%, а Груевски ги лажеше пензионерите дека 5% ги зголемил пензиите. Тоа се нашите родители, цел век плаќале даноци во оваа држава, ќе им овозможиме мирни пензионерски денови” рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој ја побара поддршката од граѓаните За Живот во Македонија!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски