(ВИДЕО) Заев во одбрана на Рашковски: Не гледам ароганција од човек што се извинува до небо

Од:

Премиерот Зоран Заев нема да го разреши генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ниту ќе бара оставка од него по скандалот со објавената аудио снимка поврзана со набавката на радарскиот систем. Според Заев немало ништо незаконски во постапката бидејќи лично од него добил инструкции да ги забрза процесите.

Заев го повтори ставот што Рашковски го кажа, дека се работи за завршен тендер од 2016, но службите не го потпишувале и ја довеле во прашање безбедноста.

Во врска со арогантното однесување на Рашковски кон новинарите и заканите за тужби, Заев вели дека секој како физичко лице има право да сака да го задржи дигнитетот и интегритетот.

– Не гледам ароганција од човек што се извинува до небо, рече Заев и додаде „критички осврт од медиумите треба, но не може да правите салата од некој зашто е јавен функционер“.

„Како физичко лице секој има право да го задржи дигнитетот не може некој да биде боксерска вреќа“, рече Заев.

Тој се извини во име на цела Влада за навредите кон ромската заедница и дополнително најави дека ќе испрати писмо со извинување за Италија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места