(ВИДЕО) Заев во Маврово Ростуше: Иселениците треба да имаат можност да влијаат на процесите во државата

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги посети населените места во реканскиот крај, општина Маврово Ростуше.

Тој се сретна со печалбарите, кои заминале во странство да заработат за достоинствен живот и се вратиле во овој летен период во родниот крај.

sredba5

-Чув таму, во туѓина, дека кога беше најтешко, во зимата, кога немаше струја со денови, и во Жировница ама и во целата општина, само Зоран Заев дошол да ги посети овие населени места, оставени од власта на милост и немилост. Понудил помош и помогнал колку што можел. Ама сега гледам дека Заев доаѓа и кога нашите се вратени во родниот крај, кога семејствата се собираат. Тоа е искрена грижа, коментирал жител на Жировница, информираат од СДСМ.

sredba3 (2)

Заев се заблагодарил за поддршката и кажал дека СДСМ, заедно со граѓаните, ќе продолжи да ги води процесите за нормализација на Република Македонија.

-Тука сме пријателски, другарски да поразговараме за сите важни прашања за вас и за државата. Сега клучно е да ја вратиме државата во нормала за да може да ја градиме Македонија како вистинско граѓанско општество на кое граѓаните ќе му бидат на прво место, рече Заев.

sredba3 (1)

Во Ростуше претседателот Заев разменил мислења околу актуелните политички случувања во земјава. Со нашинците од странство разговарал и околу модалитетите за гласање на дијаспората.

СДСМ смета дека гласањето на дијаспората треба да се задржи, но со одреди измени согласно укажувањата на меѓународните организации и извештаи.

sredba (2)

-Нашинците во странство, коишто им помагаат на своите семејства, но индиректно ја крепат и економијата на државата треба да имаат можност да влијаат и на процесите во државата. Затоа предлагаме решенија коишто ќе гарантираат демократски промени во гласањето на дијаспората и коишто ќе бидат во интерес на сите граѓани, рече Заев.

И во Требиште и во Велебрдо, каде отиде Заев, жителите се жалеле на тешкиот живот, егзистенцијалните проблеми и секојдневните тешкотии.

sredba (1)

-Многу ни значат овие средби со вас. Можеме слободно да размениме мислења и заедно да бараме начин за подобрување на условите за живот. Кога ќе дојдеме како нова власт, ќе може да кажеме дека заедно сме решиле некој значен проблем, сме ги подобриле работите заедно, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“