А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев во Израел на работен ручек со својот колега Нетанјаху

by А1он04/09/2017 - 08:10278
Share0

Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска ќе има работен ручек со израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху.

Добивај вести на вибер

Заев во Израел, каде престојува на покана на неговиот израелски колега Нетанјаху, го придружува владина и бизнис делегација.

Официјалната програма за овој ден, како што соопшти владината прес-служба, предвидува и средба на премиерот Заев со лидерот на опозицијата Исак Херцог.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на средбата Заев и Ривлин.
Македонскиот премиер, придружуван од владината делагација со којашто е во Израел, беше и во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот. Тој положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот и присуствуваше на молитвата за загинатите, меѓу кои и деца, а засади и засади дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.

Попладнето Заев се обрати на Израелскиот совет за надоврешни работи, и на Бизнис форумот што го организира Владата на Република Македонија.

izraelnetanjahuZaev

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 18:43

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:11

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Горан Наумовски27/03/2026 - 13:51

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Горан Наумовски27/03/2026 - 11:43

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Горан Наумовски27/03/2026 - 06:40

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“

Горан Наумовски26/03/2026 - 20:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто