Заев во 14 часот ќе ги достави потписите за мандат до Иванов

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во 14 часот ќе му го достави на претседателот Ѓорге Иванов доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада.

Со потписите од пратениците на ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците, Заев има вкупно 67 потписи со што го исполнува барањето да поднесе над 61 потпис за Иванов да му го даде мандатот.

Албанските партии претходно рекоа дека потписите значат поддршка за добивање на мандат и дека тие ќе продолжат со преговорите со СДСМ, по што ќе одлучат дали ќе учествуваат во новата Влада. Од ДУИ рекоа дека се чека Заев официјално да стане мандатар, па потоа ќе го кажат својот став, дали ќе бидат дел од Владата или ќе поддржат малцинска Влада.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО