(ВИДЕО) Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие пријави бидејќи предвреме ја почна кампањата и делеше пропаганден материјал

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави пријави против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено започнување на предизборната кампања. Тој вели дека опозициската партија продолжила да се однесува антидржавно, а делењето на партиски пропаганден материјал е кулминација на нивното однесување.

„Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција. Беше обележје и во време на кризата со коронавирусот. Последен доказ за тоа е предвременото почнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници, носители, активисти, викендот јавно делеа партиски пропаганден, предизборен материјал што е спротивно на законите и за што ќе добијат соодветни пријави преку институциите“, рече Заев.

Според него, СДСМ ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ застанала во одбрана на партиските интереси.

„Од една страна е СДСМ, посветена на промоција и почитување на мерките и законите, а од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки и задолжение за заштита од коронавирусот. Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како по обичај застанаа во одбрана на партиското профитерство, на штета на граѓаните и јавното здравје. Јасно е кој промовира превентивни мерки, а кој свесно и умесно ги крши“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари