Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно оваа среда

Од:

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави македонскиот премиер Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на Советот на Европа.

Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот на вечерашната 159 владина седница што се одржува во Битола.

-Синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда. Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премерот Зоран Заев вечерва во Битола.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна