Заев: Владина реконструкција ќе нема, но веројатно ќе има смена на министри

Од:

МИА МАКЕДОНИЈА
Заев: Владина реконструкција ќе нема, но веројатно ќе има смена на министри
Скопје, 8 ноември 2018 (МИА) – Реконструкција на Владата ќе нема, но веројатно ќе има смена на министри, рече премиерот Зоран Заев по денешната посета на привремените живеалишта за бездомници во Визбегово.

На новинарско прашање дали до крајот на годинава може да се очекува реконструкција на Владата, Заев одговори дека не размислуваат за тоа при вакви, како што посочи, сериозни парламентарни процеси.

– Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори, рече Заев.

Прашан за членот 36 од Уставот, каде со уставните амандмани не се менува името Република Македонија со новото Република Северна Македонија и за што имаше реакции во Грција, истакна дека тоа се историски делови во самиот Устав и грчката страна го сфаќа тоа.

– Секако и таму има различности во мислењето, демократија и тоа е во ред. Не можете да кажете дека антифашистичката војна создала Северна Македонија, таа создаде Република Македонија. И тој дел е историски дел. Секаде каде што е историскиот контекст секако нема потреба да се менува. Јасен е Договорот од Преспа и кажува каде се менува уставното име, односно се додава придавката Северна во Република Македонија и некаде каде што постои само Македонија. Имаме комплетно фер, праведно решение кое и принципиелно го имплементираме во уставните амандмани, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Верувам, како што рече, дека целата оваа дебата со внимателност од двете страни ќе ја истуркаме до крај, и во нашиот и во грчкиот Парламент.

За вчерашниот протест пред судот и за барањата претседателот Иванов да го аболицира Никола Груевски и други лица обвинети од СЈО, Заев рече дека не би сакал да коментира таква работа затоа што тоа е повик од поединци.

– Ако навлезам да ги коментирам во детали тогаш можеби да продуцирам непотребни работи. Не верувам дека ќе се случат такви работи во Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски