Заев: Вицепремиерското место за реформи ќе го чувам за Алијансата на Албанците

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека вицепремиерското место за реформи ќе го чува за Алијансата за Албанците, а испразнетите места на замениците-министри од оваа партија кои вчера поднесоа оставки ќе бидат пополнети после Нова година.

– Потпретседател на Владата за реформи значи да го координира дури и Заев, да го координира и министерот за правда, министерот за внатрешни работи, министерот за европски прашања и другите соодветни министерства. Успешноста на реформите на една мала партија ќе и даде отскочна даска или скалило повеќе во нејзиното позиционирање, истакна Заев, додавајќи дека на Алијансата на Албанците и биле дадени сериозни институции како Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Имотно-правната служба, Агроберзата и други.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски