Заев вели дека не се договарале со Ахмети да ги сменат државните симболи

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети не разговарале за државните симболи, или поконкретно за промена на химната на државата.

– Вчера имаше официјална реакција од Владата. Со колегата Али Ахмети не сме разговарале за државните симболи. Треба да се фокусираме на економијата, зелената агенда, како и главниот фокус да остане на европеизацијата на Северна Македонија, рече Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали смета дека погрешил со тоа што на Твитер напиша „Македонската фудбалска репрезентација“ за што грчките власти замерија дека не се користи уствното име и најавија дека ќе ги замрзнат трите меморандуми, Заев рече дека е нормално да се направи грешка, меѓутоа, како што додаде, земјата е посветена на Преспанскиот договор, бидејќи носи бенефит за граѓаните на двете држави.

– Тоа е точно со Договорот од Преспа, но тоа не е причина да се одложат договорите и меморандумите во грчкиот Парламент затоа што чекавме две години за овие договори и меморандуми во грчкиот Парламент и можеме да почекаме уште три месеци… Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години и да го повторувам понекогаш, но секако продолжуваме да се посветуваме на тоа бидејќи Договорот од Преспа носи придобивки за нашите граѓани, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

Коалицијата со ДУИ не значи дека ќе ги запоставиме помалите партнери, вели Заев

Жарко Настоски

Заев и Ахмети на „одличен состанок“ договорија заеднички настап на СДСМ и ДУИ на локалните избори

Жарко Настоски

Арсовски: Законот за марихуана е приватен закон на Заев за лично богатење на неговиот нарко картел

Заев ги прими директорот на „Егзит“ и поранешни американски рагбисти кои инвестираат во канабис

Жарко Настоски

Заев објави дел од кандидатите на СДСМ за градоначалници – Шилегов повторно кандидат во Скопје

Жарко Настоски