Заев: Утре нова лидерска средба

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави нова лидерска средба која треба да се одржи утре во 13 30 часот. Освен претседателите на четирите партии, на средбата ќе присуствуваат амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, рече Заев во интервју за „24 Вести”.

На средбата, додаде тој, ќе биде соопштен крајниот рок што СДСМ го дава за да се постигне договор со кој ќе се реши политичката криза. Рокот, рече Заев, што е до крајот на месецов затоа што наредниот месец ќе започне подготовката на извештајот на Европската комисија за напредок на Македонија, со кој ќе се одлучи дали земјата ќе ја задржи или ќе ја изгуби препораката за почеток на преговори.

Заев додаде дека освен крајниот рок утре треба да биде обелоденет и специјалниот извешај за Македонија што изминатив период го подготви експертска комисија формирана од ЕК.

Во интервјуто, Заев кажа дека не е можно премирот Никола Груевски да остане на функцијата и да спроведува избори. Според него, треба да се создадат услови сите партии да се контролираат во една преодна влада и во која нема да може ниедна партија да врши злоупотреби и притисоци за изборна победа.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска