Заев: УНЕСКО гледа дека напредуваме во заштитата на охридскиот регион

Од:

Со одлуката на УНЕСКО, Охридскиот регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност, Комитетот за светско наследство го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија и Република Албанија во насока на зачувување и на исклучителната универзална вредност на тој регион и одлучи двете земји да добијат повеќе време со цел да ги исполнат препораките, кои произлегуваат од мониторинг мисиите, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Северна Македонија и Албанија со оваа одлука се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управувањето со светското наследство. Владата силно ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство и останува цврсто посветена на зачувување на статусот светско природно и културно на Охридскиот регион, нагласи Заев, одговарајќи на пратеничко пашање во Собранието.

Тој потенцира дека одлука на Комитетот не значи дека работата е завршена туку верификација за направеното во последните неколку години. Заев напомена дека извештаите од 2012, 2014, 2016 од мониторинг мисиите јасно укажувале за девастацијата на регионот, а во последните години тие зборуваат за сè што е сторено за него.

– Донесување на планот за управување со охридското крајбрежје, изградбата на колекторот, и продолжување до изградбата на канализациски притоки, прочистителни станици, што во моментов се случува, конечно влегување во клинч со расчистувањето на плажите, кој не е благопријатен процес, се со цел унифицирање и враќање на плажите, онака како што тоа го предвидува и дозволува УНЕСКО. На начин на кој ќе се договорат општинските власти, државните институции и граѓаните. Денес плажите се целосно прочистени од дивоградбите, железата, бетонот, рече Заев.

Тој забележа дека години наназад ништо не се правело за Охридскиот регион и дека тој се уништувал.

– Сето тоа кое беше констатирано во извештаите, од одземањето на парцелите на МПЦ-ОА, заради мегаломанството на Субрата Рој поддржан од тогашните власти, до носење на морски песок на крајбрежјето на Охридското Езеро и целосно извитоперување на природното наследство, уништување на културното наследство и во делот на 365 цркви, џамии и други верските објекти и ништо непреземање за негова заштита, легализирање на дивоградбите, беа причините за негативните извештаи, рече Заев, кој додаде дека локалната власт на Охрид придонела со одговорни чекори да се заштити Охридскиот регион.

Би можело да ве интересира

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски