Заев-Трента: Референдумот е момент за одлука за европска иднина за Македонија и одговорноста е на сите политички субјекти

Од:

Премиерот Зоран Заев, денеска, придружуван од заменик претседателката на Владата на Република Македонија, Радмила Шекеринска и повеќе свои соработници, се сретна со министерката за одбрана на Република Италија Елизабета Трента, која со повеќечлена делегација е во официјална посета на нашата земја.

Премиерот Заев, посакувајќи и топло добредојде, со министерката Трента разговараше за претстојниот референдум, како историски момент, кој означува почеток на остварување на евроатлантските аспирации на Македонија, кои се долгогодишни стратешки приоритети на земјата.

Во разговор за идното членство на Република Македонија во НАТО и Европската унија, министерката Трента го поздрави ентузијазмот на премиерот Заев и подвлече дека доаѓа во Македонија да ја искаже поддршката на Италија за евроатлантските аспирации на Македонија и да понуди помош, доколку е потребно, за да се развива и понатаму пријателството меѓу двете земји и останатите земји во регионот на Западен Балкан.

Министерката Трента, на премиерот Заев му рече дека референдумот е важен за македонските граѓани, но и за сите други пријатели кои ја поддржуваат земјата и нејзините заложби за влез во Европската унија и НАТО.

Двајцата соговорници се согласија дека членството на Македонија во НАТО обезбедува сигурност, стабилност и безбедна иднина за сите граѓани во земјата, особено за младите, кои заслужуваат да ги почувствуваат придобивките кои ги нуди европската заедница.

Беше оценето, дека Македонија заслужува да стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса и како дел од Сојузот, да остане фактор на стабилност во регионот, како земја чија стратешка определба е да одржува пријателство и соработка со сите соседни земји.

Премиерот Заев на министерката Трента и ја повтори заложбата и политичката волја на актуелната Влада да продолжи со клучните реформи за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на безбедноста и разузнавањето и реформата на јавната администрација, со цел интеграција во НАТО и ЕУ.

Тој потенцираше дека претстојниот референдум е момент за одлука за европската иднина за Македонија и дека одговорноста е на сите релевантни политички субјекти во земјата, вклучувајќи ја и опозицијата, со која и досега заедно учествуваа во потребните реформи.

Премиерот Заев и министерката Трента искажаа уверување дека двете земји и понатаму економски ќе соработуваат и ќе се трудат да ја зголемат туристичката и културната размена меѓу Република Македонија и Република Италија.

Би можело да ве интересира

Италијанската полиција го фатила Хрватот што уби кондуктер, па го пуштила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хаос во Италија: Рим под вода, затворени патишта, вклучени аларми

(ВИДЕО) Голема потера во Италија: Хрват уби кондуктер со нож и избега со воз

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Жичарница удри во бариери, 100 луѓе се заробени, најмалку четворица се повредени

Горан Наумовски

Трагедија во Италија – мајка и ќерка починаа по бадникова вечера, таткото е во тешка состојба

А1он

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ