Заев: Треба да продолжиме со реформите и да даваме уште повеќе аргументи на ЕУ за исправање на нивната историска грешка

Од:

Методологијата која во јануари треба да биде усвоена од ЕУ треба да ги подобри трансформативните процеси за земјите членки и оние кои веќе преговараат со Унијата, истакна денеска премиерот Зоран Заев на увидот на изградбата на спортската сала во село Волково.

Тој за ова рече дека разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон кој му посочил дека по усвојувањето на методологијата, ЕУ треба да ја адаптира и да ја прати до земјите членки, а со тоа, според него, ќе се даде фер шанса на земјите кои сакаат да отпочнат преговори и тие што преговараат.

-Дефинитивно мојот оптимизам, што го нарекува реален оптимизам заради тоа што не би сакал да ги дигам повторно надежите кај граѓаните, го темелам на тоа што е присутно насекаде и во јавноста, како и во дел од разговорите што ги имам, а тоа е воочување на историската грешка не само кај нас туку и во ЕУ која што е направена, рече Заев.

Посочи дека дебатата веднаш е отворена после лошата одлука што Европскиот совет на 17 и 18 октомври ја донесе, но и дека Макрон и земјите членки на ЕУ немаат намера да ја спречат Република Северна Македонија па и Западен Балкан во делот на интеграциите во ЕУ, ниту пак да нудат паралелен пат што треба да биде соодветно надоместување на интеграциите во ЕУ.

-Сето тоа ја заокружува оваа состојба во која што имаме право да заклучиме дека наша должност е да продолжиме да работиме, да ги правиме дополнително реформите, да даваме уште повеќе аргументи на ЕУ и во следната прилика да очекуваме исправање на историската грешка, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија