Заев: Транзициски период само без Груевски и соработниците

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев оствари средба со Роберто Батели и Андреас Нотеле, специјални претставници на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, а на која се разговараше за можните исчекори во Брисел, од рамката за преговори којашто беше утврдена меѓу политичките субјекти на средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан во Скопје.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочил на принципиелните заложби на опозицијата за одделување на партијата од државата, гарантирање на владеењето на правото, на потребата од демократско функционирање на институциите, нотирани како проблеми во извештаите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Европската комисија и на други меѓународни и домашни институции и организации.

-Тоа е единствено можно ако во утврдениот транзициски период, на овие европски стандарди се посвети Влада во којашто нема да учествуваат Груевски и неговите соработници, кои ја создадоа длабоката политичка криза, истакнал Заев.

Претседателот на СДСМ посочил дека е узурпирана волјата на граѓаните на криминалните изборни циклуси што ги покажале доказите преку проектот Вистината за Македонија, поради што актуелната власт на Груевски немала повеќе легитимитет да организира и спроведува избори.

-Граѓаните си ги бараат назад слободата и демократијата и ги заслужуваат, како и сите граѓани на Европа, и СДСМ, како одговорна опозиција нема да прави компромиси за овие базични интереси на народот и државата, посочил претседателот Заев на средбата со претставниците на Парламентарното Собрание на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски