Заев-Тимоние: Подготвеност за реформи за европски перспективи на граѓаните и државата

Од:

Приоритетите на новата Влада и отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО, биле во фокусот на разговорите на денешната средба на премиерот Зоран Заев со францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние.

– Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евро-атлантските интеграции на Македонија, рекол премиерот Заев, соопшти владината служба за информирање.

Претседателот на Владата изразил очекување дека посветеноста на Владата кон реформите ќе биде охрабрување за сите граѓани, за бизнис секторот во Македонија, за странските инвеститори да вложуваат во Македонија со своите капацитети и знаење, со што ќе придонесат кон развојот на економијата во државава.

На средбата, стои во сопштението, беше поздравена поставеноста на премиерот кон инклузивни политики и транспарентност, како европски демократски вредности.

– Стратешки определби на Република Македонија се Европската Унија и НАТО и јас како премиер и новата Влада сме подготвени да работиме посветено и темелно на европската агенда којашто ќе го отвори патот за развој на Република Македонија, навел Заев.

Претседателот на македонската Влада на средбата со францускиот амбасадор Тимоние најавил и развој на добрососедските односи со цел поттикнување на политиките на градење доверба и мостови и со тоа отворање перспективи за граѓаните и државите од целиот регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?