Заев: Судските такси намалени до осумпати, правдата е подостапна за граѓаните

Од:

Од денеска судските такси се намалени до осум пати, со што овозможуваме правдата да е подостапна за граѓаните, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

„Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот.

Луѓето на кои им беше потребна правда, поради високите трошоци често се откажуваа да ја бараат во судниците. Тоа ќе се промени, граѓаните ќе можат да стигнат полесно до правда.

Она што го ветивме во Програмата за работа на Владата 2020-2024, го исполнуваме. Продолжуваме да работиме за да има правда достапна за секого и правна држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законите,“ напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски