Заев: Струмица единствена општина со позитивен ребаланс на буџетот за 32,33 проценти

Од:

На денешната педесет и осма седница, Советот на општина Струмица донесе одлука за измена и дополнување на буџетот на општината за 2012 година.

Со одлуката, буџетот е зголемен за 148 милиони денари, или за 32,33 проценти. Со тоа, според градоначалникот Зоран Заев, Струмица е прва и единствена општина во државата која врши позитивен ребаланс на буџетот по првите шест месеци од годината.

„Владата правеше ребаланс со кратење на 155 милиони евра, а и сите буџетски институции имаат само кратење. Општина Струмица направи ребаланс со зголемување и тоа не било какво зголемување, туку со зголемување од 32,33 проценти“, рече градоначалникот Зоран Заев.

Најголем прилив на средства во зголемувањето на буџетот има од продажбата на градежно неизградено земјиште. Четириесет и три милиони денари ќе бидат потрошени во реализација на проекти на општинската администрација, а за останатите 105 милиони денари, градоначалникот Зоран Заев им предложи на членовите на Советот од сите политички партии, во текот на седницата, да понудат предлози за проекти кои ќе можат да се реализираат во оваа тековна година.

За градоначалникот Заев, „ова е доказ дека Струмица чекори многу понапред од било која друга општина, бидејќи сите пари од зголемувањето на буџетот ќе се искористат за подобрување на животот на граѓаните“.

Сузана Тасева

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски