Заев: Струмица е отворена за лицата со посебни потреби

Од:

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот Зоран Заев имаше традиционална средба со лицата со посебни потреби од Струмица. Овие лица отворено проговорија за проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот , даваа решенија, сугестии, но и предлози како да им се подобри животот.

Како некои од предлозите беа – вертикално поставување на знакови за одбележување на места за паркирање на ивалидите, поставување рампи за инавлиди на јавните превозни средства, изработка на прирачник за лекарите како би им се овозможила полесна комуникација со лицата со оштетен слух и говор, изградба на јавни тоалети.

За време на средбата, членовите на Здруженијата му се заблагодарија на градоначалникот за ,,поддршката и хуманиот карактер’’, и на Советот на општина Струмица што им овозможи да долгот спрема ЈКПД ,,Комуналец’’ им биде субвенциониран.
На средба учествуваа за своте секојдневие и барања говореа претставници на Здружението на слепи, Здружението на глуви и наглуви, Здружението на лица со аутизам, ЗЛТИ Мобилност – Струмица и Завод за заштита и рехабилитација на деца и млади – Бања Банско.

Градоначалникот Зоран Заев кажа дека за потребите на овие лица, како и секогаш, ќе се обезбедат средста и во општинската каса за наредната година.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски