(ВИДЕО) Заев: Стотици милиони отидоа во неповрат, Скопје со нас ќе стане метропола

Од:

Намерата на оваа дебата го најавува новиот однос на општинските советници градоначалници, бидејќи вака завршува времето каде од фотељи беше креиран ликот на нашиот град. Вака претседателот на СДСМ, Зоран Заев го започна својот говор пред Универзалната сала, додавајќи дека градот е држава во држава, па затоа е важен за во идина да вградат љубов и перспектива.

„Никогаш повеќе нема да има ДУП-ови без стручна расправа, онака, како што граѓаните ќе кажат. Јас знам дека заврши времето кога се ургираше за вашето дете да го запишат во градинка. Мора да имаме современи основни и средни училишта, каде ќе го имаме детското време. Преку подобрување на условите за настава, паралелно општинската, градската и централната власт е нешто на што посветено ќе се работи. Сите злоупотреби што се случија со узурпација на тротоари, неплански улици, завршува. Во најава е повторно враќање на духот на Скопје, бидејќи заврши времето кога се уништуваа паркови за пусти пари и деловни простори Скопје ќе биде современа метропола на Македонија. Времето кое доаѓа ќе биде време, каде граѓаните преку сите вакви планови ќе биде корективност на сите власти. Ако го слушаме народот, нема да грешиме иако нема безгрешна власт”, кажа Заев на јавниот собир.

Заев вели дека само концепт на граѓани во градот може да го врати сјајот на Скопје, потенцирајќи дека главниот град е тој што поврзува и ја отсликува Македонија. Нашиот слоган е „За живот во Скопје за сите”, бидејќи ако има живот тука, ќе има и во Македонија, додаде Заев.

„Како градоначалник научив да ги слушам граѓаните. Јас, заедно со централната власт, стоиме целосно на располагање да ги слушаме сите идеи, но исклучително ако доаѓаат од граѓаните. Ние ќе поддржиме се што е потреба на граѓаните и на Скопје, без разлика дали се работи до последното село во општина Сарај или централното јадро. Заедно ќе им покажеме дека ако сакаме може Скопје да блеска, заедно со сите општини во градот”, рече Заев.

Заев на насобраните граѓани им порача дека сите се свесни дека СДСМ победува во Скопје, каде ќе дојде ново време на дебати и дискусии,барајќи од нив тие да го паметат секој збор бидејќи тие мора да го реализираат се што ќе ветат.

„Многу луѓе не веруваа кога реков „Радувајте се, доаѓа ново време”, па еве по три месеци, Македонија обнови многу пријателства. Новото однесување го поздравува целиот демократски свет. Постоиме за секој поединец, бидејќи граѓанинот мора да биде во центарот на светот. Со меѓусебно разбирање, можеме да се гордееме со сите општини”, додаде Зоран Заев.

Тој ги покани граѓаните, да се одважат за да покажат дека главниот град се важни работи за секој.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он