(ВИДЕО) Заев: Соработка со Грција во многу скоро време

Од:

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со делегација од Република Грција предводена до министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас.

На средбата се разменија мислења околу можностите за унапредување на односите и соработката помеѓу Македонија и Грција а се разговараше и за актуелната состојба во двете земји.

Делегацијата од Грција информираше за мерките за соработка, дефинирани во 11 точки во 6 области, коишто се очекува да допринесат во градењето на така наречениот пат на доверба помеѓу двете земји.

Претседателот Зоран Заев рече дека СДСМ принципиелно ја поддржува секоја иницијатива којашто води кон подобрување на односите со било која од соседните земји.

-Со години наназад СДСМ упатува пораки за отворање можности за унапредување на соработка на други полиња, кои немаат поврзаност со спорот со името, но коишто ќе поттикнат економска соработка и соработка во други области. Оттука ја поздравуваме оваа иницијатива и се надеваме дека првите реализации ќе ги видиме наскоро, особено во полето на економијата, рече Заев.

Унапредувањето на соработката во сите други области помеѓу Р. Македонија и Р. Грција ќе создаде сигурно поголема доверба и подобра положба на двете земји, што може да биде само од полза за прогрес во изнаоѓање на решение и за проблемот со името.

Претседателот Заев се му посака на министерот за надворешни работи на Грција успешно решавање на проблемите поврзани со финансиската криза во Грција.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски