Заев со позитивни очекувања од средбата Димитров – Коѕиас

Од:

Премиерот Зоран Заев има позитивни очекувања од денешната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција на која, како што истакна, се очекува посебно внимание да се посвети на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете држави. Верува дека се што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор.

– Секоја средба е шанса за наоѓање решение за одблокирање на нашите процеси кон потполна интеграција во НАТО и Европската унија. Знам дека секоја средба со пријателски мотиви може да ги доближи ставовите и да изнајдеме решение навистина оваа мала земја тука на Балканот, нашата Република Македонија, конечно после толку години да се приближи напред, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференција за предизвиците со неплатена работа и родова нееднаквост.

Упатствата коишто министерот за надворешни работи ги добил од Владата и Парламентот, наведе Заев, се слични на испратените во изминатите денови и верува дека во тој правец се отвораат и перспективи за разговори.

– Денеска се очекува посебно внимание да се посвети на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете земји, да се интензивираат и да се надеваме дека граѓаните ќе почувствуваат и поконкретни резултати. Верувам дека сето она што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор. Навистина очекувам само позитивни перспективи од ваквите состаноци, изјави Заев.

Премиерот рече дела има позитивни очекувања и од денешната расправа на Европскиот парламент за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, како и отстранување на условената препорака.

– Знаете дека имаме условена препорака, првиот логичен чекор е да се тргне условеноста на препораката, да опстои препораката, а наша желба е да почнеме преговори со ЕУ. Се надевам дека тоа ќе се придвижи брзо, секако тоа зависи од реформите, но и од нашите соседи, пред се од Грција, но зависи, како што знаете, и од Бугарија заради непотпишаниот договор во кој правец работиме, со цел час поскоро да може да се одблокираат ваквите процеси, изјави Заев.

Амбиентот, како што укажа, е одличен и создава основни услови да испорачаме резултати и ние до Европската унија и ЕУ до нас. Навистина бевме охрабрени од состаноците на коишто присуствувавме што секако значи обврски и тука во Македонија. Мораме да си помогнеме себеси, на нашата земја, на нашите граѓани и да и помогне на ЕУ за да и помогне на Република Македонија, рече Заев.

Прашан дали смета дека има конфликт на интереси во назначувањето на Кочо Анѓушев за вицепремиер за економски прашања, премиерот Заев рече дека според него нема такво нешто поради тоа што знае кои правни постапки ги покренал Кочо Анѓушев согласно Законот и ќе остави тој и да ги објави.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека верува оти на седница на Владата во четврток или петок ќе бидат избрани директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Бирото за јавна безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски