Заев: Со новите измени на статутот се отвораат вратите за сите граѓани

Од:

Заврши првиот дел од конгресот на СДСМ, на кој претседателот на партијата, Зоран Заев, ги соопшти новините, измените и дополнувањето на статутот на партијата со кој, како што рече, се отвораат вратите на СДСМ за сите граѓани.

kongresse 03

Заев најави дека се враќаат месните организации, со статутарните измени процентот на учество на младите се зголемува од 20 на 30 проценти, а на жените од 30 на 40 проценти.

kongress02

Заев најави и поинакво организирање и дејствување на општинските организации како и воведување на функцијата заменик претседател на СДСМ.

„Сите статутарни промени овозможуваат целосна отвореност на партијата кон граѓаните од сите општествени слоеви и за сите кои можат да придонесат за подобра иднина.

kongressd01

– Повторното актуелизирање на месните организации е со цел да се зајакне партијата во руралните средини, каде што досега покажала слаби резултати“, изјави Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции