Заев со лицата со телесен инвалидитет на традиционалната Тортијада во Банско

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ја посети традиционалната манифестација „Тортијада“ што се одржува во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, во организација на здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“.

Оваа манифестација се одржува 18 години, а на неа присуствуваат лицата со телесен инвалидитет од 11 градови во Македонија. Тие на Заев му врачија и благодарница за континуираната поддршка на сите нивни активности.

– Ве поздравувам од мое и од името на советниците кои вечерва се овде со мене, а можам да ве поздравам и од амбасадорот Орав, и од Хан, и од Бејли, заради тоа што ние политичарите, најверојатно ја преокупираме целата наша македонска јавност, но секако и во овој период посветен на преговори, јас нема да дозволам ниту една тортијада да испуштам, традиционално, секогаш сум присутен овде, заради тоа што ова е богатство кое што вие го негувате долги години. Ја имам честа да ја водам оваа прекрасна општина Струмица која традиционално е врзана за оваа тортијада и навистина како прв човек на општината домаќин, секоја година сум радосен што оваа манифестација може да расте и да се унапредува, која ни носи нови пријателства кои засекогаш остануваат во нашата меморија, а кои ни го збогатуваат нашиот живот. Само можам да ви кажам дека како ваш пријател, по она што претставува преокупација за нашата Македонија, ќе направиме се што е во наша моќ, нашата земја да ја направиме перспективно катче, достојно за живот подеднакво за сите граѓани. – рече градоначалникот Заев.

На 18-та Тортијада, жири комисијата за најубава ја прогласи тортата на здружението од Штип, а второто и третото место ги освоија здруженијата од Битола и Кочани.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица