Заев: Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот на Рашковски

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека софтверот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, е набавен со причина, и покрај тоа што во моментов не се користи.

„Прво не е ништо без причина направено, сите постапки што ги водиме ние како Влада, тоа е сметката генерален секретаријат, нема друга сметка кај претседателот на Владата. Сметката генерален секретаријат е сметка со која работи генерален секретаријат, претседателот на Влада, потпретседателите на Владата, сите се со таа сметка, нашето постоење за асистенција на ресорните министерства. Има причинско правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер којшто може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација меѓу двете институции“, вели Заев.

Министерството за внатрешни работи се уште не го употребува софтверот, а Заев вели дека не знае зошто е тоа така и дека моѓеби во иднина ќе го користат.

„Самиот софтвер има конечна цел, употребна вредност на улиците. Се работи за објект којшто снима 360 степени со казните, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде. Не ни текнало така на нас во Владата ајде ќе правиме софтвер. Убеден сум дека самиот софтвер наоѓа примена во безбедноста на сообраќајот “, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите