Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди

Од:

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив.

– Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша Заев на Фејсбук.

Тој претходно на Фејсбук ги повика пријателите во Европа да гласаат за нашата претставничка.

Тамара Тодевска со осмото место го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

Северна Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија, а Тамара во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата.

Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место.

Ова е најдобар пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најдобар пласман земјава освои во 2006 кога се пласираше на 12-то место со претставничката Елена Ристеска со „Нинанајна“.

Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

Би можело да ве интересира

Исланд, Словенија и Шпанија бараат Изараел да не учествува на Евровизија: „Не можеме да мижиме пред хоророт во Газа“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

МРТ одлучи Андреа да настапи, од следната година може да не учествуваме на Евровизија

Катерина Ѓуровски

„Одма на бесилка“, „Козо“, „Овцо“ – јавноста со закани и вулгарности кон Андреа, професорот Калајџиев смета дека сите се јаки патриоти на прсти

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Андреа се извини за знамето: Не беше од омраза, се гордеам од каде доаѓам

Предраг Петровиќ

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’