(ВИДЕО) Заев: Со булдожери и трактори, но и пеш утре до Скопје

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција ги повика сите граѓани да дојдат утре на протест во 14 часот пред Владата на РМ.

„И покрај се што прават, сите заинтересирани, ќе ги донесеме во Скопје, некои и со булдожери, трактори или пеш. Тие протестот на 18-ти го закажаа на истото место каде што ќе биде и нашиот, а ние од таму не си одиме, се до оставката на Груевски и формирање на преодна Влада. Јас постојано ќе бидам таму, освен кога сум на разговори кои ќе доведат до оставка на Груевски и преодна Влада“, рече Заев.

Тој посочи дека со протестот се прави пауза во објавување на бомбите, но се ќе биде обелоденето, а во соодветно време и убиството кај Смилковското езеро.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски