Заев: Сите кои кубат коси и мрчат за повратокот на ДДВ, да престанат

Од:

Премиерот Зоран Заев запрашан за тоа што ќе направи прво откако ќе биде официјално именуван за министер за финансии, рече дека ќе се фокусира на повратокот на ДДВ, проект кој започна од јуни. Заев упати порака до оние кои го критикуваа, да престанат да кубат коси.

„Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ДДВ и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството“, рече Заев од Валандово.

Според него, најважно е да пораснат платите, не само кај здравствените работници, туку и кај јавната администрација.

Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да ввраќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари. Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната админситрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата“, одговори Заев

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов

Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени