(ВИДЕО) Заев: Шврговски интервенира за обвинителско место кај Јанкулоска

Од:

Љупчо Шврговски интервенира кај Јанкулоска за избор на синот на претседателка на Апелација за јавен обвинител.

Љупчо Шврговски со Гордана Јанкулоска разговора за место во скопското обвинителство кој и го ветил на претседателката на Апелациониот суд, за која повторно велат дека е “нивни човек“.

Потоа следува разговор помеѓу министерот за правда Блерим Беџети со Муса Џафери разговараат за тоа место-Беџети му кажува на Муса Џафери дека Јанкулоска бара едно место во обвинителството кое е предвидено за ДУИ, да му се отстапи на синот на претседателката на Апелациониот суд, посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев за три снимки кои ги објави како доказ за партиските местенски на судии и обвинители.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Шврговски

ГЈ: Ало.
ЉШ: Еј, Гоцо здраво.
ГЈ: Здраво Љупчо.
ЉШ: Шо правиш, добра си? Одмарај
ГЈ: Еве малку по дома, да ти кажам одмарам. Ти како си?
ЉШ: Добар, јас вчера малку на роденден бев, па, малце подолго спиење…
ГЈ: Аха.
ЉШ: Али добро е, сега е океј.
ГЈ: Е па, добро сега, мора и ние сме луѓе…
ЉШ: Да одмориме, сигурно, сигурно.
ГЈ: Да, да.
ЉШ: Гоцо, вака сега ми се јави Кизов, па нешто ми спомна ние утре треба да бираме обвинители. Нешто ја и ветив на оваа претседателката на Апелација, Сашо ми се јави баш неќни.
ГЈ: А она за каде тоа?
ЉШ: За во скопсково…
ГЈ: Е па ај…
ЉШ: …едно место е и ветив на претседателката за синот нејзин…
ГЈ: ај тогаш вака да направиме….
ЉШ: знаеш, женава…барем него да го протуркаме
ГЈ: Ај јас ќе му се јавам на Блерим, да го замолам…
ЉШ: Замоли го едно нешто, ветено е знаеш…
ГЈ: …да му речам многу е битно, и ќе му кажам за кого е
ЉШ: И она наш човек е, знаеш како е…
ГЈ: Да де да. Не, ќе му кажам за кого е. И ќе му речам: молим те, следниот пат ќе ви го искомпензираме.
ЉШ: Апсолутно, апсолутно, апсолутно.
ГЈ: Јас повеќе ми беше, не знаев дека сте збореле со женава…
ЉШ: Па зборев уште, знаеш ќе испаднам јас несериозен и ветив, Сашо ме замоли, вика: дај Љупа молиме те за неа вика…
ГЈ: Да де да, ама добор сега работиме со неа. Знаеш како…
ЉШ: И сега знаеш како, едно место. Да, да, да.
ГЈ:…мислам, ептен е. Одма ќе му завртам јас сега на Блерим
ЉШ: Ѕврцни му да знае, значи едно место нека, да пуштат сега, па ќе го искомпензираме на следниот оглас и готово.
ГЈ: Тоа е во скопското, така?
ЉШ: Во скопското да.
ГЈ: Океј, важи, одма ќе му завртам.
ЉШ: Ете така кажи му.
ГЈ: И утре ако имате вие, претпоставувам…
ЉШ: Во 12 имаме, да…
ГЈ: …пред да почнете, се гледате…
ЉШ: Аха.
ГЈ:…мислам, онака на координација…
ЉШ: Апсолутно, ја ќе се договорам, ќе им кажам. Без грижа, без грижа тоа е моја работа.
ГЈ: Да им кажеме дека е таква работава. Тоа. Океј.
ЉШ: Готово, само пушти ми на порака што си направила Гоцо.
ГЈ: Одма, одма. Важи, одма ќе го побарам, па ќе ти јавам. Океј.
ЉШ: Важи Гоцо. Поздрав.
ГЈ: Поздрав.
ЉШ: Чао, Гоцо, чао.

Разговор помеѓу Блерим Беџети и Муса Џафери

МЏ: Ало
ББ: Муса како си?
МЏ: Добар Блерим.
ББ: Како иде?
МЏ: Добро, еве излезен, еден разговор имам…пред да идам накај дома. Ти?
ББ: Добро бе, еве бев накај канцеларија да работам малку… утре е изборот на обвинители, и ми се јави Гордана, едно место кое е наше, ме замоли дали може да им го оставиме ним.
МЏ: Каде ?
ББ: Во обвинителството во Скопје, бидејќи кандидат бил синот на Претседателот на Апелациониот суд. рече знам дека е ваше место, ама дека е важно место…
МЏ: Да ама, треба да ни дадат на друго место…бидејќи ние станавме веќе… ајде размисли ти што можат да ни дадат..
ББ: Вака стои работата…и последниот пат кога имало избор на обвинители, едно место му го дадов едно наше место на Михајло Маневски…
МЏ: Е и овој сега…две места…
ББ: И уште едно место му дадов на овој пријателот, негов човек беше…тој пријателот, другиот, што не е во влада…
МЏ: Знам, знам… и овој сега…
ББ: Држи логиката на Гордана…вистина е , и ним им треба, но и нам ни треба…
МЏ: Ајде размисли го…стана многу ова…нека ни дадат тие нешто…размисли ти…
ББ: Ок. Ок
МЏ. Ама што можат да ни дадат?
ББ: Ама слушај, утре ќе се отвори одма и онаа друга одлука…за оние средства за 7 други места.
МЏ: Остај ти кога ќе се отворат места…туку за овие три наши што ги даваме….мораш да најдеш некој баланс
ББ: Ок. Ќе најдам…
МЏ: Барај нешто конткретно…бидејќи овие нема утре да се секираат за тоа…
ББ: Ок, ок…уште нешто, дали со тебе или со шефот да зборам, има едно место…во високото јавно обвинителство, на местото на Сузана (Сузана Салиу)…
МЏ: Добро?
ББ: Во вашиот претходен мандат бил претседател на Апеалационит суд Скопје…и кога ни беше тесно работата со тој Беќир Исени од ДПА, како член на Републичкиот судски совет ми помогна, кога ни беше тесно со бадинтер…
МЏ: А наш ли е овој?
ББ: Турчин е
МЏ: Е ако неможе он кого би можел да ставиш?
ББ: Без врска беа некои други…небитни
МЏ: Незнам бе…да размислам…да разговараме покасно уште еднаш…
ББ: Ок, бидејќи утре во 12 ….да не го малтертирам шефот со овие работи…
МЏ: Ајде да ја видам ова последна работа…сега несум концетриран…ама тоа што тие го бараат и не ги комензираат, не ми се допаѓа…ние сме малку повеќе…
ББ: Широкоградни…
МЏ: Ок
ББ: Ок. Ајде..

Разговор помеѓу Блерим Беџети и Муса Џафери

МЏ: Кажи Блерим?
ББ: Еј те изнамачив, ама и таму ме бараат…треба да им дадам пас…
МЏ: Се спремам уште…ама за тој случајот што треба да им го дадеме на овие…јави му се на претседателот ти..
ББ: Ја зборев со претседателот, за друга работа…и го прашав, он рече види со Муса..
МЏ: Види Блерим, нема ништо против да имаме соработка…ама тоа место не е мало место…за колку време можеме да го компензираме?
ББ: Брзо ќе го компензираме…во други места.
МЏ: Ама во другите места, на исто ниво?
ББ: Да, да. Ќе ги компензираме…во принцип, послушај ме секунда…
МЏ: Да
ББ: Од време на време ние ќе треба да направиме многу работи за нашите луѓе…
МЏ: Да
ББ:…бидејќи станува збор за првиот човек ( се мисли на претседателот на Апелација) мислам дека и овој пат треба да им го дадеме
МЏ: Зошто? Зошто мислиш така?
ББ: А бе зошто…ќе ми се јавиш ти…а со овие луѓе ќе треба да ги правам тие работи…вреди..
МЏ: А ако биде наш неможеш да ги направиш?
ББ: Гледај, се работи за синот на претседателот на Апелациониот суд во Скопје..
МЏ: Аха. И он сака да биде обвинител?
ББ: Да. да
МЏ: Гледај, ако ти сметаш од аспект на…ја познаваш внатре структурата која ти треба јас немам професионални и политички аргументи, дали вреди или не вреди…ме разбираш?
ББ: Не, не носи во рај уште еден плус…бидејќи е вака..
МЏ: Ама во иднина ќе има вакви места…
ББ: Денес, денес ќе има оглас за нови тројца во Скопје…обвнители, сите тројца ќе бидат наши.
МЏ: Ок.
ББ: За овој другиот…што да правам…за овој Турчинот? На местото на Сузана…татко и е во Советот на обвнители, и кога беше Беќир Исени, мене ми помогнаа…кога ги блокирав да не го земаат судот во Тетово.
МЏ: Како се вика овој?
ББ: Овој во вашиот првиот мандат беше претседател на суд…вели ведат.
МЏ: Аха. Не знам дали мењавал страни сега…што мислиш ти?
ББ: Јас го познавам лично него…и го познава и татко ми…имам колегијални односи…што мислиш? Ја чуствувам дека имам долг кон него…ме поддржал два пати…кога сме блокирале…кога било критично.
МЏ: Кај сака да оди он?
ББ: Кај што е Касам, во високото обвинителство…и никад да не биде, тој Касам…бидејќи денеска сакам да го разрешам…
МЏ: Ајде
ББ: Ама нема да биде шеф…за шеф сум нашол еден од гостивар, бидејќи не ги исполнува условите…
МЏ: Значи ќе биде висок обвинител, ама не шеф на обвинителите..
ББ: Да , да на местото на Сузана…каде била Сузана Салиу..
МЏ: Ок
ББ: Се разбира, ако и овие пријателите ако немаат нешто…
МЏ: Ајде тогаш види прво со тие пријателите…
ББ. Ок. Ок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Страотна експлозија разнесе комбе со фудбалери во Сомалија, петмина загинаа

Жарко Настоски

ВИДЕО: Дојава за бомба ја евакуира српската државна телевизија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Дојава за бомба создаде паника, евакуација на Таџ Махал

Илјадници луѓе во Британија евакуирани поради детонација на бомба од Втората светска војна

Идентификуван бомбашот од Нешвил

Илјадници луѓе евакуирани во Франкфурт поради бомба од Втората светска војна

Катерина Павлова-Николовска

Leave a Comment

14 − 5 =