Заев – Шутц: Нема алтернатива за С. Македонија и Западен Балкан, освен членство во Европската унија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Скопје оствари средба со Сузана Шутц, одговорна во федералната канцеларија на министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА.

На средбата стана збор за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и во НАТО, регионалната соработка на Балканот, како и за претстојните парламентрани избори во земјата.

Заев на средбата со Шутц се заблагодари за континуираната поддршка од Германија на сите нивоа за евроатлантската интеграција на државата и нагласи дека членството во НАТО, покрај стабилност и безбедност во земјата, донесе и инвестиции и економски развој.

-Веруваме во европските вредности, и покрај разочарувањето, што го доживеавме во октомври, продолжуваме да се бориме за нив, истакна претседателот Заев, додавајќи дека нашата земја е добар пример како за кус период се решаваат децениски проблеми и очекува позитивен сигнал, охрабрување од Европската унија во март.

Нашето место е во ЕУ, нагласи Заев, додавајќи дека исполнивме се што беше побарано од нас и повеќе – ги завршивме реформите на судскиот систем, безбедносниот систем, јавната администрација, покажуваме успех во борбата против корупцијата, ја јакнеме регионалната соработка, градиме мултиетничко и рамноправно општество со еднакви права и обврски за сите граѓани.

Дека нема алтернатива за Западен Балкан и за Република Северна Македонија, освен членство во Европската унија се согласи и Сузана Шутц, одговорна во федералната канцеларија за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, во министерството за надворешни работи на Германија, нагласувајќи дека нема да биде лесно, но изрази надеж дека ЕУ ќе постигне консензус и оти позитивните сигнали нема да изостанат.

Шутц му честиташе на Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер е добитник на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која на двајцата државници им се оддава признание за Преспанскиот договор за решавање на спорот за името.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата