Заев-Сера: Историската посета на Мадрид исчекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој го завршува својот мандат во Република Северна Македонија.

– На средбата, беше изразено задоволство од посетата на премиерот Заев на Кралството Шпанија во мај годинава, оценувајќи ја како исклучително важна како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, при што беа остварени средби со шпанскиот премиер Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат, соопштија од Влада.

Премиерот Заев изразувајќи почит и признание, на амбасадорот Лоренцо Сера му врачи благодарница за личниот посебен придонес на амбасадорот кон зајакнување на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија, како и за континуираната поддршка што Мадрид ја дава за напредокот на процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.

– Премиерот Заев оценувајќи ги како особено добри и пријателски односите со Кралството Шпанија, подвлече дека граѓаните на Северна Македонија засекогаш ќе ја паметат и почитуваат поддршката и вонредното ангажирање и гестот кој шпанскиот Сенат го направи со овозможување на електронско гласање на Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО, во исклучително тешки услови на почетокот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19, информираа од Влада.

Двајцата соговорници разменија мислења и за внатрешно – политичката состојба во земјата, согласувајќи се дека ќе продолжи соработката меѓу двете земји со цел јакнење и продлабочување на економски план и интензивирање на размената на искуства од областа на културата, образованието, судството.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев