Заев се сретна со претставници на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ разговарал за правилното искористување на природниот ресурс Попова Шапка, при што биле изнесени конкретни предлози за надминување на досегашни недоследности и иницирање на активности за негово одржливо и хумано управување.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, покрај претставниците на Иницијативата, спортски работници, поранешни и активни скијачи и ентузијасти, предводени од Хамди Сулемани, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Џемаил Јусуфи, управител на „Елем Турс“, компанија-ќерка на А.Д. „ЕЛЕМ“, која управува со туристичкиот центар Попова Шапка.

Премиерот Заев и неговите соработници, одговарајќи на конкретни барања на претставниците на Граѓанската иницијатива во врска со одземање на управувањето на „ЕЛЕМ“ со скијачкиот центар, како и стопирање на донесувањето на Урбанистичкиот план за викенд населбата на Попова Шапка и подготовка за концесионирање на скијачко-рекреативниот центар, информирал дека веќе е во тек изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор на прашањата како правилно да се искористат скијачките капацитети без да се наруши природната убавина на овој дел од Република Северна Македонија.

„Подготвени сме да разговараме и да ги разгледаме можностите за применување на концептот на јавно-приватно партнерство. Остануваме отворени за соработка со вас, Граѓанските иницијативи за да бидеме интензивни во подобрување на преземените активности,“ истакнал премиерот Заев на средбата.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка