Заев се сретна со пожарникарите и им кажа дека има начин да им се исполнат барањата

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот за ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и советникот за труд и социјална политика Милан Живковиќ вечерва имаше онлајн средба со Дарко Димовски, претседател на ССМ, како и со Тони Бошковски, претседател на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија и со претставници на овој синдикат.

На состанокот се разгледани можностите за решавање на прашањето со исплатата на платите на пожарникарите и на додатоците за плати, согласно постоечките законски можности на краток рок почнувајќи од месец ноември, како и за системско уредување на прашањето на среден и на долг рок, преку потребните законски измени што треба да се донесат преку Парламентот.

Од сите страни беше покажана желба и волја за изнаоѓање прифатливо решение, преку компромисен договор за можните начини со коишто ќе биде овозможена исплатата на платите и додатоците на плата на пожарникарите, со оглед дека за нив постојат издвоени пари од Буџетот.

Заеднички е констатирано дека денешниот продуктивен состанок покажува дека социјален дијалог постои и дека тоа отвора простор во следните неколку дена да биде изнајдено прифатливо решение за сите, при што пожарникарите ќе можат да ја земат платата заедно со додатоците на плата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари после три часа акција

Горан Наумовски

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Во Зрењанин: Дете ја заклучи мајка си на терасата, жената ја спасуваа пожарникари