Заев: Се случи уште едно бегство, очекувам Мијалков да биде најден и најавувам одговорност

Од:

Премиерот Зоран Заев кажа дека ексдиректорот на УБК и првоосомничен во „Таргет-Тврдина“ е во бегство. Тој најави одговорност од институциите доколку Мијалков не биде пронајден, но кажа дека очекува и истрага за неговото исчезнување и расветлување на случајот.

„Народот бара и очекува правда. Се случи уште едно бегство. Јавноста е информирана дека судот донел одлука за притвор на Мијалков, кој што се очекува да биде осуден со пресуда во предметот Таргет-Тврдина. Прочитав за мерката. Исто како и целиот наш народ, така и јас, сме разочарани што се уште не е пронајден и приведен Сашо Мијалков. Барам веднаш да постапат институциите и да го пронајдат. Убеден сум дека може да се спроведе. Очекувам детални информации од МВР и детали со истрага за самиот случај од судот, јавното обвинителство и МВР. Очекувам одговорност ако не се спроведе решението за притвор, за лицето кое обвинето во случај кое за мене е еден од најважните случаи“, рече Заев.

Тој вели дека МВР постапува по законот и така било постапено. Заев рече дека одговори на сите прашања поврзани со непронаоѓањето на Мијалков и деталите за тоа кога е последен пат виден и како е постапено, ќе има наредните денови.

„Реков дека ќе побарам одговорност, кога ќе ги имаме деталите. Во БЈБ е примена наредбата и постапено по неа. Ако има било каков пропуст, ќе побарам јавно одговорност. Не можете да очекувате од мене да правам јавна истрага пред микрофоните и камерите. Ќе очекувам одговорност за ваквиот случај таму каде затаило спроведувањето на законот. Очекувам Мијалков да биде ставен во домашен притвор“, додаде Заев.

Запрашан дали бегството на Мијалков е политички договор, Заев негираше.

„Нема политички договор, апсолутно. Јас сум задоволен што по пљачкање на државата, сме обезбедиле правен процес, кој оваа недела треба да заврши. Веќе е најавена казна, на јавните седници, и веројатно тоа е причината што Мијалков не можел да би пронајден дома. Апсолутно до крај, владеење на правото, без разлика за кого, каков момент, за власт или опозиција. Очекувам целосна разрешница и за случајот“, одговори Заев.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков