Заев се откажа од лидерска по објавата на Мицкоски: Не гледам повеќе причина за тоа

Од:

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Заев рече дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека на средбата ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на здравствениот систем и за неуспехот со Бугарија, не гледа причина за свикување на ваква средба.

– За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. За жал не ја добиеме првата меѓувладина конференција која верувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно зад нашите позиции. Успешно се справувавме и со здравствената криза, еднакво и многу подобро од многу други земји, рече Заев, додавајќи дека ќе бара други алатки за информирање.

Коментирајќи го ставот на опозицијата дека нема да присуствува на лидерска средба свикана од претседателот на државата, Заев со став дека таквиот однос е несоодветен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски објави видео по повод 35 години независност на Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар