Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека објавениот аудио разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“ на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими за локалните избори во 2013 година покажува принципиелност и како што истакнува, разликата со нашите политички опоненти.

Самата бомба, истакна Заев, навистина го покажува тоа колку сме различни од сите други. – Суштината е дека бараме приниципиелност. Држете се до законот. Немојте да дозволите да потпаднете под политички притисок од никој. Тоа е суштината. Заради тоа што, навистина колегите може да разговарат за се, но многу е важна самата дискусија, дали е за законите, за принципите, за критериумите или е без разлика, како што другата страна знае да прави, без разлика тоа што законите го кажуваат, кои се принципите и критериумите, само да се исполнат некои одредени политики. И навистина тоа ја покажува разликата меѓу нас и нашите политички опоненти, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата за ефективна социјална заштита.

Во објавениот прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година на социјалната мрежа „Фејсбук“, според објавувачот на материјалот женскиот глас за кој тој тврди дека е на Шекеринска, вели дека членовите на Државната изборна комисија треба да гласаат принципиелно за изборната победа од првиот круг во општина Центар на кандидатот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?